А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да се извини доколку знаел дека нема криминал со формуларите за возачките дозволи

by А1он23/01/2016 - 17:26104
Share0

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговор од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали се точни наводите на медиумите дека уште пред да објави на прес-конференција дека биле пронајдени 70.000 формулари за возачки дозволи и била спречена злоупотреба на македонски идентитети тој бил информиран од германската компанија уште во декември, со целосно појаснување на случајот и дека двете страни се согласиле оти не станува збор за криминал.

Добивај вести на вибер

– Доколку овие наводи се точни, на медиумите, дека тој е фатен во лага, тогаш треба веднаш да излезе и да се извини за скандалот понесувајќи ја одговорноста. Најпрво, треба да им се извини на сите вработени во МВР кои неосновано ги обвинуваше. Потоа да им се извини на германските партнери чиј углед и репутација ги загрози со своите изјави, а пред се да им се извини на граѓаните затоа што преку урнисување на кредибилитетот на Министерството за внатрешни работи, го урива и нашиот кредибилитет, на Република Македонија, рече на денешната прес-конфренција Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали, праша Саздов, лагите на Оливер Спасовски се причина за неговиот молк околу мотивот на германската компанија да се вклучи во меѓународен криминал со печатење на македонски возачки дозволи и дали од истата причина тој не одговори и по чија наредба постапувала компанијата и какви кривични пријави и против кого се поднесени од негова страна.

– Германските авторитети и на своја кожа добија можност да се уверат како во пракса функционира Фабриката за афери на СДСМ. Германија можеше одблизу да види колку неморално и бескрупулозно се однесува раководството на СДСМ кога треба некој да биде нападнат или оцрнет од теснопартиски интереси, без оглед на штетата која се нанесува на угледот на Република Македонија, истакна Саздови додаде дека молкот на Оливер Спасовски значи дека, членот на СДСМ, Захир Бекири Чауш не е единствениот во Фабриката за афери.

– Технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски е фатен во лага од медиумите и го посрамоти и МВР и Република Македонија. Крајно недостоинствено, Оливер Спасовски како неговиот сопартиец Чауш се обиде да фабрикува афера измислувајќи меѓународен криминал со македонските возачки дозволи, истакна Саздов.

Додаде дека Спасовски на прес-конференција на 14 јануари најавил дека ќе обелодени „нови злоупотреби на лични документи, што можеби се користат и за други намени во државата или надвор“.

– Оливер Спасовски тогаш ја вознемири македонската јавност, фалејќи се дека спречил злоупотреба на македонски идентитети. Инсинуираше дека 70.000 формулари би гарантирале повеќе милиони евра нелегален прилив од нелегално издадени документи. По само девет дена технички назначениот министер од СДСМ доби жестока реакција за неговата манипулација, потенцира на прес-конференцијата Саздов.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен