ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот

Од:

Спасовски да поднесе оставка, снимката од убиството на Тот е доказ дека МВР го прикривала случајот. Спасовски е директно одговорен зошто четири дена МВР не излегува со јасна слика за убиството на ракометарот Тот велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од снимките кои беа објавени во медиумите јасно се гледа дека станува збор за убиство, и дека Тот е тепан од страна на 3 лица, а сведоци на настанот се 10-тина луѓе. Четири дена Спасовски се обидува да го прикрие настанот, и да ја убеди јавноста дека не станува збор за убиство, туку за несреќен случај. Од снимките јасно се гледа што се случувало, и што е причина за смртта на ракометарот Тот. За настанот гледаме дека имало и 10-тина сведоци и снимки од камери, сето тоа и било познато на МВР. Останува нејасно, зошто тоа не беше кажано веднаш по немилиот настан, туку институциите се впуштија во прикривање на настанот се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела