ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски бега од одговори за скандалозните договори за набавка на храна во МВР

Од:

Оливер Спасовски молчи и се крие од одговори за скандалозните договори тешки 13 милиони евра кои ги склучил со компанијата Индустри сервис за набавка на храна за министерството. Впрочем потврда дека Спасовски бега од овој скандал е и фактот што тој лично избегнал да ги потпише, туку ја оставил помошник министерката тоа да го направи во име на МВР велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со двата договори кои МВР ги склучило со Индустри сервис, компанија која била помагана со грантови од владата на СДС и на чие отворање присуствувал самиот Спасовски, приватниот субјект ќе треба да добие 13 милиони евра за 36 месеци, односно 4,5 милиони евра годишно во просек. Овој износ е за третина повисок од досегашните трошоци на МВР за истиот период, односно лани министерството потрошило 3,3 милиони евра за набавки на храна. Каде одат овие 1,2 милиони евра разлика на годишно ниво? Ако на ова додадете дека на компанијата ќе и се признаваат и 15% транспортни трошоци, тогаш станува јасно за каков бонбона бизнис станува збор. Да биде апсурдот поголем, МВР има свои модерни кујни по ХАСАП стандарди, а потпишува договори со приватни субјекти, што е пример за недомаќинско работење. Спасовски и МВР бегаат од одговори, но нема да побегнат од одговорност се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски