ВМРО-ДПМНЕ: Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади еден милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција

Од:

Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Очајниот ПР на СДС кој го пробива секое дно, кој се претвори во плукање до дехидрирање го води Спасов и неговата агенција Рејтинг, кои изминативе години од власта на СДС земаа 1 милион евра во тендери.Спасов си ги доодработува и дозволите за изградба на фотоволтаици, бизнис кој СДС го делеше меѓу своите најблиски, како Ковачевски, Заеви и други видни функционери. Не е чудо зошто СДС не само што продолжува по истиот лош пат, туку и нема срам за се што направи. Со Спасов и Рејтинг, СДС може комотно да очекува пад на бројот на пратеници на следните избори, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски