ВМРО-ДПМНЕ: Создаваме нова иднина е проект со кој граѓаните ќе можат да пријават злоупотреба на нивното право

Од:

„Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина е проект со кој граѓаните ќе можат да пријават злоупотреба на нивното право, поплака или проблем во општините каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе биде формиран посебен тим од професионалци од партијата, но и од експерти кои не се дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, а кои ќе бидат дел од тоа тело до кое граѓаните ќе можат да ги испраќаат своите поплаки и проблеми, злоупотребите кои би биле направени, да посочат на неправилности, но и да дадат пофалба каде што треба.

Преку овој проект граѓаните ќе можат да даваат оценка за реализација на програмата која што им била ветена од страна на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните очекуваат реализација на ветеното. Овој проект ќе биде пресликан и на централно ниво по преземање на централната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се бори против секоја злоупотреба, добробита на граѓаните, владеењето на правото и реализација на проектите се наш императив“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче