На магистралниот пат Кочани – Делчево Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип во името на партијата им се обрати на граѓаните истакнувајќи:
– Не беше толку одамна кога пратеникот Благој Бочварски стоеше на ова место и ветуваше дека доколку победи на предвремените парламентарни избори 2016 во првите 100 дена лично ќе се заложи за расчистување на големиот одрон на магистралниот пат Кочани – Делчево.
Оттогаш поминаа 10 месеци. Поминаа и 100 дена од Владата на СДС, а одронот се уште е на ова место. За само 100 дена граѓаните на источна Македонија сфатија дека она што СДС им го ветуваше пред изборите е спротивно од она што СДС го прави после изборите.
Денес, извршната власт е во рацете на СДС, но состојбата со овој патен правец е во уште полоша состојба. Стана очигледно – СДС ветува само за добивање на гласови, а не за подобрување на животот на граѓаните во источна Македонија, истакна Ефтимов.
