ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

Од:

Македонски Телеком, фирма во која дел од сопственоста има и државата, стана дувло на непотизам, посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во нејзиното соопштение се вели дека директорот на Телеком, Никола Љушев кој важи за близок на премиерот Димитар Ковачевски ја вработил сопругата во оваа компанија и ја унапредил во менаџер.

„Димитар Ковачевски и СДС мислат само како да ги наградат и унапредат луѓето блиски до нив на грбот на граѓаните.

Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација.

Сопругот Љушев извршен директор, сопругата Љушева во првите 10 менаџери во Телеком. Класичен непотизам.

Фамилијата Љушеви не беа задоволни со директорската плата од над 11 500 евра месечно, сега ќе си земат уште неколку илјади евра месечно на својата сметка од менаџерската функција на сопругата, додека граѓаните не можат да го поминат месецот ни со две просечни плати.

Овој случај не е единствен во Македонски Телеком. Сите блиски соработници од времето кога беше Ковачевски директор изминатите години си ги вработија своите сопруги.

Главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева.

Ги повикуваме надлежните институции да ги проверат овие случаи и да покренат постапка“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски