ВМРО-ДПМНЕ: Сопругата на Ковачевски влегува во бизнис од еден милион евра додека тој е премиер

Од:

Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државна земја за изградба на фотоволтаична централа. 1.119 м2 за 70 денари по м2 добива сопругата на Ковачевски со Одлука на Влада, која наместо Ковачевски ја потпишува Артан Груби велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, и го оставил на кумот, сега влегува неговата сопруга и сето тоа додека тој е премиер. Земјиштето кое Ковачевска го добила од Владата е последниот дел од сложувалката за дооформување на нејзината парцела и вадење на дозволи за градба. Како што пишуваа медиумите се работи за инвестиција на 1.8 мегаватна централа, чија изградба чини над 1 милион евра. Додека народот гладува, семејството на Ковачевски влегува во милионски бизниси. Затоа се потребни промени, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела