ВМРО-ДПМНЕ: Собранието консензуално одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица

Од:

Имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието консензуално, поддржано од сите пратенички групи се одлучи да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица. Сакаме да ја известиме македонската јавност дека пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а веруваме и останатите пратеници секојдневно си ги извршуваат своите работни обврски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се однесува на одржување на седници на Собранието и седници на работните тела, но сакаме да појасниме дека како пратениците постојано работиме на спремање на законски решенија кои би се ставиле на идните седници од следниот понеделник.

Во сите општините од каде што има жртви и повредени од немилиот настан во Кочани, нашите пратениците се присутни во пратеничките канцеларии и обавуваат средби со граѓаните излегувајќи во пресрет на сите проблеми со кои се соочуваат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски