ВМРО-ДПМНЕ: Со затворањето на пратениците, Талат Џафери стори кривично дело за кое се лежи затвор

Од:

Нервозата кај демаскираниот Талат Џафери расте, со затворањето на пратениците стори кривично дело за кое се лежи затвор. Вчера Талат Џафери противправно ја лиши целата пратеничка група од слобода и го спречи нивното слободно движење велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на синоќешните случувања во Собранието.

– Џафери ги затвори вратите во Собранието и практично ги држеше пратениците како заложници. Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Ова е трета тешка злоупотреба на позицијата на Талат Џафери. Дали Ковачевски и ова ќе го изрелативизира, па ќе слушаме изговори од типот – „вратите сами се заклучија“. Ковачевски е марионета во рацете на Талат Џафери. Избори мора да има час поскоро. За срамот никогаш да не се повтори се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он