ВМРО-ДПМНЕ: Со системот за растурање на облаци, владата седи со скрстени раце додека Скопје се поплави, каде е системот со кој се фалеше?

Од:

„Со системот за растурање на облаци, владата седи со скрстени раце додека Скопје се поплави, каде е системот со кој се фалеше? Димитар Ковачевски и институциите под владата не направија ништо за да помагаат во справување со последиците од невремето во Скопје“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ сами без асистенција од централната власт ги санираа штетите од поплавите, недостасуваше реакција од страна на Владата.

Скандалот е уште поголем бидејќи Владата преку УХРМ трета година по ред распишува тендер за набавка на систем за справување од непогоди, попознат во јавноста како систем за растурање на облаци. За кој годишно се плаќа 1 милион евра, а од кој немаме никаков ефект.

Одговорност треба да има во институциите, Владата, УХРМ и другите надлежни во овој домен кои можеле, а не преземале ништо со цел ублажување на последиците.

Димитар Ковачевски како да не е премиер и како да не живее во државата. Скопје се соочи со огромна временска непогода, а тој не се ни потруди да помогне.

Да не беше навремената реакција од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ последиците ќе беа катастрофално лоши.

Најлошото е спречено. Но народот мора да се обештети за штетите кои ги претрпе. Ја повикуваме Владата да формира тело кое ќе работи на процена на штетите на домовите и деловните објекти и ќе изврши најбрзо можно обештетување. А, веднаш потоа да има одговорност за сите во ланецот одговорни во институциите на чело со Ковачевски“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ