ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки: Да се замрзнат обврските на компаниите кон државата и да се преполови администрацијата

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со низа предлози и мерки кои сметаат дека државата треба да ги направи за време на пандемијата од коронавирусот.

Од партијата велат дека итно треба да се замрзнат обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот за месец март.

Понатаму, се предлага итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.

Меѓу останатите мерки, партијата предлага:

Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот во висина од 50-тина проценти.

Формирање стручно тело од посебен тим на експерти, засилено од постојните државни институции кои ќе прават строга контрола на евентуалните злоупотреби на дефинирање на високи цени за продажба на маски, антисептични средства и други потреби во врска со оваа состојба.

Да се спроведе итна национална набавка на антисептични средства, заштитни маски и ракавици кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Обезбедување на бесплатни средства за заштита на работниците под висок ризик од корона вирус.

Потребно е работата на државната администрација да се редуцира, односно половина од јавната администрацијата да се ослободи од работа и да се направи цикличен распоред во работата на државните органи. со ваквиот начин на работа ќе се намали и ризикот од брзо ширење на вирусот.

Отворање на 24 часовна линија за консултации и прашања поврзани со вирусот.

Удвојување на човечките капацитети на работа во здравствените установи непосредно задолжени за справување со последиците од корона вирусот.

„Комисиите за здравство и економија на ВМРО-ДПМНЕ, ја следат состојбата и се во постојано заседавање се со цел навремено интервенирање и надминување на состојбата. ВМРО-ДПМНЕ апелира до владата на Република Македонија да ги прифати мерките бидејќи здравјето на граѓаните е пред се и над се“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка