ВМРО-ДПМНЕ: Со потпишувањето на Протоколот почна асимилација на Македонија по бугарски терк

Од:

Од вчера започна асимилацијата на Македонија по бугарски терк, лагите кои со недели ги пласираа Ковачевски, Османи и Маричиќ вчера испливаа на виделина. Со потпишувањето на вчерашниот Протокол помеѓу Македонија и Бугарија и официјално билатералните прашања помеѓу двете држави станаа услов во преговорите на Македонија со Европската унија велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Промена на учебници, промена на историја, непризнавањето на македонскиот јазик и идентитет, како и бришење на културата се предавствата кои ги потпиша вчера Бујар Османи во име на предавникот Димитар Ковачевски. Официјална потврда за овие прашања стаса и од бугарското МНР, каде што јасно и гласно кажа дека за Бугарија која е членка на ЕУ, македонскиот јазик е непризнат. Шарена лага е констатацијата на Османи дека за секое прашање ќе има реципроцитет, напротив, Македонија нема никакви барања кон Бугарија во однос на историјата или културата, но Бугарија сака целосна бугаризација на македонскиот народ и неговата историја и идентитет. Македонија со овој Протокол ќе дава, без да добие ништо. Ова значи дека Македонија нема да напредува во преговорите со Европската Унија без бугаризација и асимилација се вели во соопштението од партијата.

Од партијата вела дека со овој процес единствено добиваат Албанија и Бугарија. Албанија со вистинско започнување на преговорите, а Бугарија со бугаризација и асимилација на Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи за блокада на овој процес преку целосно блокирање на уставните измени, како и подобрување и исфрлање на штетните делови од преговарачката рамка и Протоколот. Овие предавства нема да останат не казнети. За велепредавство на својот народ се одговара. А, предавниците од антидржавната СДС ќе одговараат и ќе лежат во затвор потенцираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела