ВМРО-ДПМНЕ: Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност во наредните 50 години

Од:

Веќе секојдневните напори на СДСМ да создаде негативна слика во јавноста за влегувањето на Македоноија во проектот „Јужен тек“ стануваат јалови, стои во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

СДСМ, како што се наведува во реакцијата, со бесмислени прес-конференции и соопштенија не може да одрече дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и го донесе најголемиот енергетски и економски проект на Република Македонија во последните 23 години.

– Со потпишувањето на договорот е осигурана енергетската независност на земјава во наредните 50 години. Благодарејќи на договорот, граѓаните и стопанството на Република Македонија ќе добијата евтин енергенс што ќе придонесе за подобар стандард и ќе донесе раст на економската активност, се вели во реакцијата.

Заслугите на ВМРО-ДПМНЕ се двојно поголеми, се додава, бидејќи успеа да искористи пропуштена шанса на пратходната влада на СДСМ, која не мрдна со прст кога земјите во регионот настојуваа да влезат во меѓународниот гасовод.

– Од сосема заборавени и изоставени, благодарение на СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа дополнително да ја вклучи земјава во проектот „Јужен тек“. Сега целта на СДСМ е да го скрие тој факт, обидувајќи се да фрли сенка врз очигледниот успех кој го постигна оваа Влада со потпишувањето на договорот, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус