ВМРО-ДПМНЕ со осуда на антимакедонските изјави на Џамбаски и Димитров

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува омаловажувањето, потценувањето и навредите искажани кон македонскиот народ од страна на евро пратеникот Ангел Џамбаски и директорот на бугарскиот национален историски музеј Божидар Димитров, изјави денеска во партиското седиште пратеникот Крсто Јовановски.

– Престанете со негаторскиот однос кон Македонија! Престанете да не навредувате! Ние не сме ниту Срби, ниту србомани, а уште помалку антибугари. Ние сме Македонци. Престанете сите кои се чувствуваат како Македонци да ги нарекувате Срби или србомани или да ги обележувате како непријатели на Бугарија. Почитувајте ја реалноста на постоење на македонскиот народ. Сакаме да имаме добри односи со сите, а особено со Бугарија, но не сакаме и нема да молчиме кога некој не навредува, рече Јовановски.

Посочи дека Македонија не навредувала нити пак омаловажувала никого, а јавните настапи на Зоран Заев во Софија, според него, ја отвориле Пандорината кутија.

– Џамбаски срамно ја нарече Македонија творба на коминтерната и плод на српската пропаганда, а Димитров целата посета ја протолкува како историска бидејќи со реализација на договорот се укинувал македонизмот и се одело во насока на формирање на втора бугарска држава. Македонија не е плод на српската пропаганда, ниту пак творба на коминтерната. Децата во Македонија мора да учат македонска историја и не смее да им се наметнува никаква туѓа. Македонската историја е само македонска. Таа е автономна и автохтона. Исто како и Илинденското востание, рече Јовановски.

СДСМ, вели Јовановски, сега ја има одговорноста да ја води Владата на Република Македонија и не смее да замижува и да ги премолчува ваквите провокации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски