ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски и СДСМ, УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети

Од:

„Фијаско во високото образование, со Ковачевски и СДСМ, УКИМ со драматичен пад од 100 места подолу на скалата на најдобри универзитети. Според светската листа на најдобри универзитети УКИМ, како најпрестижен македонски универзитет не е ниту во првите 1.000, туку се наоѓа на 1.594 место, што е за 100 места наназад, во однос од пред 6 месеци кога беше на 1.493 место“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека универзитетите од регионот како тие во Белград, Љубљана, Загреб се во првите 500-тини, УКИМ е над 1.000 места зад нив.

Лошиот рејтинг на УКИМ е пред се поради лошите политики во образованието.

Пет години СДСМ и ДУИ не направија ниту еден од неколкуте ветени студентски градови, не е инвестирано во опрема, ниту во човечки капацитет во високото образование, тоа е истата онаа власт, во која Ковачевски е заменик министер за финансии, а сега премиер.

И со секој поминат ден повеќе на СДСМ и ДУИ на чело на државата и образованието, УКИМ, но и целото образование ќе тоне. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори со цел брзи промени и закрепнување на државата на сите полиња“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ