ВМРО-ДПМНЕ: Со Царовска нема учебници, нема свидетелства, нема план за одржување на настава

Од:

„Царовска без компас, на 10-тина дена пред почеток на учебната година не ги информира граѓаните како ќе се одвива наставата. Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни три одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настава, а дел да следат настава онлајн“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„На десетина дена пред почеток на учебната година ниту родителите, ниту наставниците па ниту на учениците не им е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование.

Учебници за останатите одделенија, но и за средните стручни училишта кои не се по новата Концепција исто така нема.

На десетина дена пред почеток на учебната година Царовска потфрли и со свидетелствата коишто уште не се напишани и најверојатно ќе се пишуваат во последен момент.

Крајот на министрите како Царовска е близу“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ