ВМРО-ДПМНЕ со анкети избира кандидат за градоначалник на Охрид.

Од:

Десеттина личности за кандидати за градоначалници повторно им беа понудени на охриѓани во спроведената телефонската анкета викендов. Помеѓу потенцијалните кандидати од ВМРО-ДПМНЕ, во анкетата се испитуваше и рејтингот на актуелниот и кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид, Александар Петрески.

Од охриѓани се бараше мислење за десеттина кандидати, колку и дали воопшто слушнале за нив. За сегашните пратеници Харалампие Шокароски и Александар Николовски, претседателот на ОК во Охрид, Атанаско Михаилов, Дејан Пановски советник, поранешната пратеничка Анита Кипаризовска Крстевска, професорот Стефан Буџакоски, директорот на болница Љубен Арнаудов, Јордан Размоски-поранешен полициски функционер, Ацо Спироски-бизнисмен, Цветко Грозданов-поранешен пратеник и докторот Никола Бакрачески.

Од граѓаните се бараше директно да одговорат за кого ќе гласаат на престојните локални избори,
„За кого ќе гласате за градоначалник на Охрид ако наредниот викенд се одржат локални избори“? За Александар Петрески или пак(поедниченно беа поставувани имињата на сите потенцијални кандидати од ДПМНЕ).

Која од партиите ви е поблиска од останатите? За која партија или коалиција гласавте на последните парламентарни избори?

Од граѓаните беше барано мислење и за работата на градоначалникот на Охрид, Петрески.

„Како ја оценувате работата на градоначалникот Александар Петрески?Дали условите во градот се подобрени? Дали градоначалникот на Охрид, Петрески ја извршува својата работа на начин кој овозможува уште еден мандат“, беа дел од прашањата на спроведената анкета.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион