ВМРО-ДПМНЕ: Со 350 милиони евра може да се набават над 3.700 вагони

Од:

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 14 милиони евра набави 150 товарни вагони со кои се обнови после неколку децении возниот парк на Македонски железници. Со оваа инвестиција директно му се помогна на македонското стопанство.

СДС потроши над 350 милиони евра што по основ на аукции на државни хартии од вредност, што по основ на трошење на девизните резерви.Од овие пари не се реализираше ниту еден проект. Од овие пари граѓаните не видоа никакво фајде.

Со 350 милиони евра може да се набават над 3700 вагони. СДС не набави ниту еден. Парите расипнички ги потроши без да реализираа ниту еден проект во полза на граѓаните.

Да беше владата на СДС одговорна власт и барем една десетина од средствата ги искористеше за набавки на товарни или патнички вагони ќе ги зголемеше капацитетите на македонските железници за три пати. Со тоа ќе се помогнеше не само претпријатието, туку и граѓаните и фирмите кои ги користат овие услуги.

Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на владата на СДС. Потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети и пропаднати комедијанти“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните