ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан

Од:

Зоран Заев е исплашен од претстојниот изборен пораз затоа што знае дека тоа ќе значи крај на амнестијата на криминалот и отворање на сите коруптивни скандали на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР, ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.

Дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ.

Манипулирањето дека сега ВМРО-ДПМНЕ е виновен што Заев не може да исполни едно ветување со кое што ги лажеше граѓаните пред 2016 година е само уште една во низата измами.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече поднесените 600 амандмани. Наместо лицемерни изјави очекуваме Заев да им се извини на помалите коалициски
партнери кои ги измами и да го повлече предлогот.

Кога не успеа достоинствено да владее, очекуваме барем достоинствено да се повлече после поразот што го очекува.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”