А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Службените возила на МВР се користеле за приватни потреби

by А1он12/01/2020 - 09:1312/01/2020 - 09:431026
Share0

„Лазе Евридики, наградениот началник на организиран криминал кој со службен шофер си ја развозуваше ќерката по грчките кампови, не бил единствениот што ги злоупотребувал полициските возила.

Добивај вести на вибер

Криминалите, злоупотребите и неспособноста на СДСМ по институциите секојдневно се откриваат.

Кај СДСМ владее страв дека преку делувањето на техничките министри и заменици министри ќе излезат на виделина сите манипулации кои овие три години беа реализирани по наредба на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа СДСМ на секаков начин се обидува да ги опструира техничките министри и замениците предложени од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ја гарантираат професионалноста на институциите.

Вчера целата јавност виде дека разни соработници на Спасовски и Заев си ги користеле службените возила на МВР за приватни потреби. Апсурдот да биде поголем, расипништвото и алчноста за нешто што не е нивно јавно го демонстрираат и одбиваат да ги вратат.

На виделина излезе и дека Владата предводена од СДСМ за само два месеци вработила 4.131 партиски војник. Со оваа изборна корупција Зоран Заев сака да го намали поразот, надевајќи се дека ќе избегне одговорност за сторените криминали.

На виделина излезе дека и БДП по жител во Македонија е за шест пати помал од просекот на Европската Унија. Зоран Заев ветуваше просечен економски раст од 5%, но досегашниот раст во минативе три години достигна просек од ниски 2,3% и со тоа темпо ќе ни требаат најмалку 50 години за да го достигнеме просекот на ЕУ.

На виделина излезе дека има 11.514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Ова говори дека Владата и МТСП претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат.

На виделина излезе дека од земјоделци се барале партиски книшки за да им бидат исплатени субвенции.

Криминал до криминал. Злоупотреба до злоупотреба.

Опструкциите и ниските удари на оваа Влада нема да ја продолжат политичката кариера на Зоран Заев. Крајот е близу, граѓаните на 12-ти април ќе изберат обнова на Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто