ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Супер купот е популизам на Владата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата за правење популизам и политика со случајот со одржувањето на Супер купот со тоа што тврдела дека ќе пропадне, а потоа понудила решение. Во случајот, според ВМРО-ДПМНЕ, немало реален проблем.

Лука Кржаловски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека јавноста конечно разбрала зошто Владата проценила дека ќе пропаднел Супер купот и како го спасила. – Владата на големи звона пред 10 дена објави дека ќе пропадне Супер купот бидејќи претходната влада не го подготвила добро, дека не инвестирала доволно и дека таа е соочена со голем предизвик од пропаѓање на супер купот. Попусто ПУИК одговараше дека над шест милиони евра се инвестирани и дека се е навреме завршено освен некои помали ситни работи кои се во тек. Сликата која Владата ја престави беше небаре потребни се уште 15 милиони евра за изградба на нова трибна, рече Кржаловски.

Посочи дека по 10 дена Владата објавила дека нашла соломонско решение, прво дека крупниот недостаток биле некои клими во износ од 115 илјади евра, а второ дека ПУИК од својот буџет да си ги обезбедел бидеќи ги имал во буџетот.

– Решението кое го понудила Владата на СДС и не е решение. Тие донеле одлука, па го преиначиле во заклучок да се задолжи ПУИК да обезбеди средства од самата компанија. Доколку тоа беше возможно да се направи немаше да преставува проблем. Што значи дека ова е случај за правење на популизам и политика, а не реален случај каде постои проблем, рече Кржалоски.

Според него, СДСМ со случајот со Супер купот продолжува да ја потценува интелигенцијата на граѓаните како што правела додека била во опозиција, а следна приказна ќе била изградбата на автопатиштата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода