ВМРО-ДПМНЕ: Сликите од змии објавени од СДСМ се слики симнати од Гугл од Австралија

Од:

Уплашени од се поголемата доверба која ја добива градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. СДСМ со украдени слики се обидува да го оцрни градоначалникот Муцунски. СДСМ се фатени во лага, сликите кои тие ги објавија за наводно дека во парковите во општина Аеродром има змии се симнати од Гугл и се слики од Австралија, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ по ставот на СДСМ.

„Толку се безидејни и уплашени што веќе не знаат што да направат за да ги прелажат граѓаните. Општина Аеродром изминативе 10 месеци оди напред, се развива и го добива заслужениот изглед.

Нова градинка и реконструкции на постоечките, нови спортски игралишта, нови паркови, реконструкции на улици, реконструкции на училиштата се само мал дел од досега реализираните проекти на локалната власт.

Нема да им поминат ниту лагите, ниту монтажите на СДСМ. Нивната доверба од граѓаните вртоглаво паѓа, а за многу скоро граѓаните ќе ги казнат сите лаги, сите криминали, сите национални предавства на предвремените парламентарни избори“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО