ВМРО-ДПМНЕ: Следбениците на Сталин даваат очајни изјави

Од:

ВМРО-ДПМНЕ одговорот од СДСМ на барањето Црвенковски да каже дали лично го познава Магаше смета дека е арогантен и ги потценува граѓаните.

„Колку Бранко Црвенковски заработил од шверцот со нафта и зошто се крие се денови, глумејќи личност со профилот “нисам одавде“ и начинот на кој глуми и се прави како да е паднат од друга планета, е за Оскар, а не за Златна Малина.

Сигурно не им е лесно на следбениците на самопрогласениот Сталин да даваат вакви очајни одговори, за да одбранат нешто што никој нормален не би сакал да брани, шверц со нафта, со кој највисоки владини претставници, на чело со Бранко Црвенковски, шверцувале со озлогласени криминалци и се богателе.

Наместо да излегуваат со необмислени и очајни соопштенија, за да го прикријат срамот на нивниот деспот Црвенковски, нека се замислат малку што прават и какви вредности штитат“, се вели во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?