ВМРО-ДПМНЕ: Славија годишно има добивка од над 800 илјади евра, а криминалната власт на СДСМ сакаат целиот имот да го продадат за околу 218 илјади евра

Од:

„СДСМ е синоним за раскрчмување на државниот имот по багателни суми. Кога СДСМ е на власт секогаш имаме распродажба на имотот на граѓаните, така беше и со мрачната транзиција, така е и овие 4 години“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев, Димитар Ковачевски и СДСМ сакаат да го продадат целиот имот на АД Славија кои вреди повеќе од 20 милиони евра, за само 218 илјади евра. 100 пати помалку од моменталната реална вредност на акционерското друштво Славија.

Тотално лудило на оваа криминална власт предводена од Зоран Заев и неговиот пиун Димитар Ковачевски.

Дека АД Славија вреди далеку повеќе од онаа вредност за која сакаат криминалците од власта да ја продадат говори и фактот дека АД Славија пријавува приходи на годишно ниво од над 800 илјади евра.

Или поточно АД Славија на месечно ниво има приходи од над 70 илјади евра, додека пак на моменталното салдо на акционерското друштво има повеќе од 100 илјади евра.

Власта бескруполозно лаже дека долгот на АД Славија е повеќе од 17 милиони евра. Јасно може да се види од документите кои се јавно достапни дека долгот на АД Славија е нешто повеќе од 4 милиони евра.

И покрај ваквата моментална состојба, вредноста на имотот на ова акционерско друштво е над 20 милиони евра.

Криминалната власт на СДСМ треба веднаш да ја стопираат продажбата на АД Славија, бидејќи фирмата приходува и книжи добивка на годишно ниво и има имот во вредност од над 20 милиони евра.

Одговорност за овој грабеж, кој е ист како во транзицијата од 90-тите, мора да ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски