А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се гуши, а Петре Шилегов и владата на СДС мува не ги лази

by А1он14/12/2017 - 15:01157
Share0

„Скопје се гуши, а Петре Шилегов и владата на СДС мува не ги лази. Нивото на загаденост на воздухот во последните неколку дена достигна досега невидени размери. Граѓаните на Скопје сабајле се разбудија во најзагадениот град на планетата Земја, со ниво на загаденост далеку над градовите во Кина и Индија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Скопје е далеку позагаден град од Калкута, Њу Делхи и другите градови од Индија и Кина кои досега го држеа светскиот рекорд во загаденост на воздухот.

Во текот на ноќта и утрото нивото на загаденост беше и до 11 пати над дозволеното. На мерната станица кај Ректорат беа измерени 569 микрограм на метар кубен, во Лисиче 484, во Карпош 427, а во Центар 426. Ова е 9 до 11 пати над дозволеното, кое изнесува само 50 микрограми на метар кубен.

Додека граѓаните секојдневно се гушат во загадениот и за здравјето кобен воздух, за Петре Шилегов тоа е реално шоу, истиот тој Шилегов до пред само два месеци во борба за гласовите на скопјани ветуваше чист воздух и здрава животна средина. За сега истото да го гледа низ призмата на реално шоу.

Следете a1on на Youtube YouTube

Централната власт која повеќе од 7 месеци ги контролира сите институции не превзема ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, напротив квалитетот на воздухот опаѓа, загаденоста е енормна, а граѓаните се жртва на неодговорната политика на СДС.

Граѓаните секојдневни ги чувствуваат последиците од загадувањето, граѓаните кои завршуваат во болниците поради респираторни проблеми е се поголем. Загрозено е здравјето на сите граѓани, а во голема опасност се децата, повозрасните и тешко болните, за кои ова ниво на загаденост е фатално. Граѓаните секојдневно умираат, власта не превзема ништо.

Граѓаните се жртва на неодговорната политика на СДС. Граѓаните со своето здравје секојдневно ја плаќаат цената за неодговорноста на властите.

Владата и градот Скопје итно треба да превземат мерки за заштита на граѓаните. Владата мора итно да ги заштити граѓаните и нивното здравје“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnezagaduvanje

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео