ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани плаќаат поскапа вода за Шилегов и Весковски да можат да си местат на тендери

Од:

„Скопјани плаќаат поскапа вода за Шилегов и Весковски да можат да си местат на тендери. Шилегов и Весковски се фатени во местење на тендер од 300.000 евра, ЈО да реагира и да отвори случај по веќе поднесената кривична пријава од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов и Весковски првин извршиле реконструкција на водоводна мрежа на ул. Варшавска, па дури 2 месеци по завршување на градежниот зафат распишале тендер за да ја исплатат фирмата изведувач. Што е ова ако не криминал и местење тендер?

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе сите документи со кривичната пријава до ЈО и очекуваме истите да постапат побргу, особено земајќи го предвид дека и Шилегов и Весковски се се уште носители на функција и може да дојде до прикривање или обиди за заташкување.

Ова криминално работење на СДСМ го плаќаат граѓаните, во овој случај скопјани кои плаќаат поскапа вода. Овој случај и сите други случаи на сомнително работење ќе бидат испитани по промената на власта и ќе следи одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ