А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопјани и оваа зима ќе дишат нечист воздух, Шилегов цела година не мрдна со прст

by А1он16/11/2018 - 08:49194
Share0

„Зоран Заев и Петре Шилегов не преземат ништо додека граѓаните се трујат од загаден воздух. СДСМ две години ги замајува граѓаните. Од опозиција ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, од позиција на власт немаат преземено ништо.

Добивај вести на вибер

Скопјани и оваа зима ќе дишаат нечист воздух, а тоа се гледа и по намалувањето на 2 милиони евра, средства од Буџетот од ставката за животна средина.

Скопје последните десетина дена е на врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Мерните станици во овој период од годината во Скопје покажуваат дека нивото на канцерогени ПМ10 честички е два до три пати поголема од дозволеното, што е исклучително опасно за малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и лицата со хронични заболувања.

Енормната загаденост е проблем кој Шилегов вети дека итно ќе биде решен. Сега една година со прст не мрднува, а наместо да предлага решенија и работи на подобрување на квалитетот на воздухот тој организира стенд ап настапи за исмејување на својата неработа.

Квази маршовите низ Скопје со маски нема да ја изманипулираат јавноста и оваа година. СДСМ имаше повеќе од доволно време да почне да го подобрува квалитетот на воздухот, но тоа не го направи. Повеќе ниту едно бледо соопштение, изјава или прес конференција, наводен марш, или каков било обид за глума нема да помине. Скопјани чекаат резултати од Заев и Шилегов, а резултати нема и за тоа тие треба да понесат одговорност.

Скопјани не сакаат да слушаат повеќе манипулации. Заев и Шилегов мора да си заминат. Неработата, неодговорноста и неспособноста на функционерите на власта не смеат да бидат причина за пропаст на државата и патење на граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

skopjevmro-dpmnezagadenost

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен