ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозни тврдења дека Заев е главата на рекетот кој влијаел на правосудни органи, а обвинителството уште молчи

Од:

„Уште едно сведоштво дека Зоран Заев е капо ди тути капи на рекетот во Македонија, а обвинителството не мрда ни со мал прст. Миле Јовановски јавно потврди пак дека сите изрекетирани пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а Русковска обвинителството продожува да молчи“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Од интервјуто јасно се гледа дека Зоран Заев ги имал ставено целосно своите раце врз обвинителството и судството во Македонија, и директно влијаел врз одлуки на правосудните органи. Заев лично се јавувал кога и и на кого требало да му биде вратен пасош од страна на Катица Јанева, што само го потврдува трас трас правосудството кое тој го контролирал. Дополнително од ова интервју произлегуваа основани сомненија дека токму лица поврзани со власта на Заев вршеле притисоци, па дури и се заканувала со ликвидации, само и само да ги покрие своите криминали. За вакви работи во нормална држава ќе имаше истраги уште истиот ден, ама кај нас обвинителството молчи.

До кога обвинителството ќе ги крие вистинските рекетари и криминалци во Македонија? До кога главата на октоподот во Македонија и мафијата на власт ќе бидат заштитувани од страна на обвинителството и судството?

Мафијата во Македонија е власта која ги има ставено под свое и судството и обвинителството. Додека заевизмот не се смени, до тогаш Македонија ќе тоне во криминал и корупција и ќе продолжи да биде најкорумпираната држава во Европа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ