ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен е пристапот на власта кон делото на Делчев

Од:

„Власта крајно нетранспарентно води преговори со Бугарија и не и кажува на јавноста што содржи пакетот одговори, ниту пак каков е ставот во однос на јазикот, историјата, ликот и делото на Гоце Делчев и останатите револуционери и други идентитетски теми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е крајно скандалозно. Штом ги нема официјалните документи на увид на јавноста, тоа остава сомнеж дека се подготвува нов пазар со националните и државните интереси.

Ако власта е подготвена не само декларативно, туку и со дела да покаже дека го почитува ликот и делото на Гоце делчев и неговото значење за револуционерната борба за македонска државност, тогаш треба да ја поддржи Декларацијата која пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на Република Македонија.

На тој начин ќе се покаже сплотеност околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значи одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност.

Декларацијата базирана на европските принципи е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели на државата и на општеството. Во исто време повикува на институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче