ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот во М-НАВ е сликата за Македонија како е кога СДС и ДУИ се власт

Од:

Неказнивоста за упадот во М-НАВ е доказ дека со оваа власт во државата единствено царува криминалот. Скандалот во М-НАВ е сликата за Македонија како е кога СДС и ДУИ се власт. Коалицијата СДС – ДУИ која што се претставува како Европски фронт врши упад во контролна кула на М-НАВ и тепа вработени кога во моментот 40-тина авиони се над градот, а притоа не се казнуваат истите. Во држава каде што има нормална власт сторителите би биле во затвор веднаш. Но, затоа овој скандал кој што е од меѓународни размери единствено за СДС и ДУИ претставува ситен криминал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонската јавност заслужува да знае дека: Четворица напаѓачи организирани од ДУИ ги нема, МВР не знае каде се; Оние од ДУИ однесени пред суд се пуштени без притвор од судија кој што исто така е близок на ДУИ; Обвинителство и судот си ја префрлаат топка, ОЈО барало притвор заради „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај”, а судот на ДУИ тврди дека немало докази; Тепаниот е приведен на граница, за него имало наредба да биде апсен; Едниот од напаѓачите веќе требало да е во затвор за друго дело, но не е; Главниот напаѓач, функционер на ДУИ ќе оди на работа во контролната кула, кај тепаните и оние што со банда дошол да ги тепа пред неколку дена; Обезбедувањето миленик на ДУИ, соучесник во упадот, продолжува со работа, иако пуштиле неовластени лица, и оние што не се на смена во контролна кула за да тепаат, додека авиони кружат над Скопје!?

Власта се уште молчи со цел да обезбедат недопирливост за себе и за бандите. Правосудните институции во државата се партизирани и работат по наредба на ДУИ и СДС. Време е истите тие институции да се ослободат од канџите на оваа криминална власт и да започне да функционира правосудниот систем во Македонија. Македонија треба да престане да е роб на криминалците од СДС и ДУИ. Време е да се случат промените во државата. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски