ВМРО-ДПМНЕ: Скандал – коалицијата СДС, ДУИ и Левица на полноќ, на вонредна седница додели 630 милиони денари на ЈСП на Арсовска

Од:

„Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДС, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во советот на Град Скопје. Без да има никаква потреба за вонредност тие побараа вонредна седница да се гласа за 4 точки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Точките се: Првата точка, да се доделат над половина милијарда денари пари за ЈСП без да има детално образложение како ќе се троштат.

Втората точка, за уредување на градежно земјиште за која особен интерес покажа бизнис партнерот на СДС, ДУИ.

Третата точка, за криминална преполовување на долгот што треба спортскиот центар Борис Трајковски раководен од кадар на СДС да го исплати на градот Скопје, при што Градот се откажува за половина од сумата од 1 милион евра што Спортскиот Центар треба да ја исплати на Градот.

Четвртата точка финансирање на изработка на урбанистички планови.

Пример како функционира криминалната коалиција СДС, Левица и ДУИ е токму точката каде се префрлаат над половина милијарда денари на ЈСП без да се побара детален извештај за тоа.

Претходно на редовната седница на Советот на Град Скопје СДС гласаше против, и откако се договори и усклади со ДУИ и Левица побараа вонредна седница на полноќ на која гласаа ЗА 650 милиони денари субвенции за нивниот директор на ЈСП, Александар Стојковски.

Коалицијата на хаосот и криминалот СДСМ, ДУИ и Левица на дело. Лепакот се криминалот и тендерите на Арсовска“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ