ВМРО-ДПМНЕ: СЈО и со новиот оглас планира да вдомува партиски војници

Од:

СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

– Расипништвото и користењето на народните пари за лични и непотистички потреби на СДС се повеќе се видливи и во СЈО, и тоа не е никакво изненадување бидејќи тие во суштина се едно исто тело. Сега СЈО бесрамно отвора нов оглас за вработување на нови 30 лица. Ова значи дека СЈО и со новиот оглас планира да продолжи со практиката да вдомува партиски војници на СДС и да ги плаќа со народни пари нивните астрономски плати и хонорари, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава пред СЈО.

Тој нагласи дека СЈО може да ангажира уште 300 лица, но тоа, како што кажа, нема да им помогне во нивните конструирани случаи насочени против ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ние ниту вина имаме ниту криминал сме направиле.

– Единствено е вистина дека СЈО со парите на народот ќе продолжи да си задоволува партиски или непотистички страсти и потреби. Во изминатите години потрошија над 4 милиони евра, за своите политички инспирирани активности. Сите акции што СЈО ги превземаше и ги превзема се со цел за оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, и истовремено задоволување на мегаломанските потреби на членството на СДС или подржувачите на оваа партија, потенцира Стојаноски.

Посочи дека се реални основите на сомнение дека со овој нов оглас Катица Јанева ќе вдоми уште некој свој внук или роднина или пак ќе вработи уште членови на СДС, нивни деца, внуци, роднини, на сметка на народот. Потсети дека досега во СЈО е вработени Берниса Рахиќ, ќерката на Есад Рахиќ поранешен функционер на СДСМ, Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник од редовите на СДСМ, Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Крива Паланка, Борче Трајковски познат во јавноста како Боки Бургија познат поддржувач на политиките на СДСМ, Ѓорѓи Камчев кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција и уште десетина други активисти на СДСМ или нивни деца.

– Најсрамно од се беше ангажирањето на внукот на Катица Јанева, Ѓорге Делиџаков, потенцира Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски