ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е непрофесионална и партизирана институција

Од:

„СЈО повторно потврди дека функционира единствено како партиска експозитура на СДС во правниот систем. Предметите кои ги води СЈО не се ништо друго туку реализација на политичките нарачки на Зоран Заев, нешто што македонските граѓани го плаќаат со 4 милиони евра годишно.

СЈО уште еднаш се докажа како крајно непрофесионална, необјективна и партизирана институција. Ова се потврдува со манипулативното лиферување документи околу наводните истраги кои ги спроведуваат Јанева и колегите.

Основната цел на Катица Јанева не е правдата, туку слугување на пропагандата на СДС. Дури и бруцош на правниот факултет знае дека во апсурдните обвиненија на Јанева не постојат докази за било каков криминал, а истрагите кои ги отвора се срам за било кој обвинител во светот.

Основната цел на Катица Јанева била и останува обезбедување на приказни за медиумите под контрола на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да помогне во дефокусирање на јавноста од ветувањата што ги даваше Заев во предизборниот период.

Но, Јанева е прочитана книга. Без оглед на приказните со кои СЈО ги храни лажните вести на СДС, граѓаните од Заев и новата влада очекуваат нови 500 километри автопат, просечна плата од 30.000, а минимална од 16.000 денари, додека пак докторите очекуваат плати од 100.000 денари.

СДС нема да може вечно да живее на кредит употребувајќи го зборот „ќе“ и со лажни вести со кои ќе дефокусира внимание од себе и ќе го фрла врз ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ќе мора да се соочи со реалноста. А таа вели дека ВМРО-ДПМНЕ на првата владина седница донесе одлука за отпис на долгови на граѓани. СДС на првата владина седница одлучува да урива градби и да укинува започнати проекти и реформи. Граѓаните ја гледаат разликата, а истата ќе ја види и СДС на првите наредни избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис