ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е должно да ги уништи сите нелегално прислушувани материјали

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го повика Специјалното јавно обвинителство да работи согласно со законот и укажува дека е должно сите нелегално прислушувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник.

– Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето претставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон. Тие единствено може да се употребуваат за уцени на граѓани и бизнисмени, изјави претпладнево Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека СЈО е испостава и инструмент на Социјалдемократскиот сојуз за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и за креирање материјали со кои ќе се оцрни раководството на оваа партија.

– Сите отворени случаи од СЈО се политички конструкции кои немаат допирна точка со правото. Обвиненијата по нив се крајно неаргументирани, со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС. Катица Јанева и нејзиниот тим не само што го претворија СЈО во партиска испостава на СДС, туку бесрамно вдомија симпатизери, внуци, роднини и нивни пријатели на државен буџет. СЈО не работи ниту професионално, ниту неселективно, туку претпочита партиска работа, политички активизам и роднински непотизам, истакна Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека таргетот на СЈО е само една политичка партија и стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ чиј грев, како што рече, не е криминал, туку тоа што останала со народот како единствен бедем за одбрана на државата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус