ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е алатка на СДС

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СЈО е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ по потребите на СДС и оти сите случаи и обвиненија кои тие ги покренале биле политички мотивирани, без основни докази и крајно неаргументирани.

Според партијата, случајот „Транспортер“ е типичен пример за политички инспирирана хајка и креирање случај и таму каде што го нема, со единствена цел давање материјал за негативна кампања и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните, со цел политичка корист за СДСМ.

– СЈО во обвинението „Транспортер“ се служи со целосни конструкции и свесно создадени лаги. Тезата на СЈО дека градоначалникот на Битола заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници постапувале незаконски при тендерите за превоз на ученици е невистинита. Исто како што е неточно дека општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот. СЈО изнесе лажни сензационалистички наводи дека јавниот превоз во градот Битола е поскап од тој во Токио, што е груба манипулација со фактите со цел свесно лажење на граѓаните, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој појасни дека цената на превозот на ученици во Битола е постигната во законски спроведена постапка и оти доколку СЈО сакало да истражува вистински криминал за транспорт на ученици, наместо во Битола можело да прочепка во Струмица каде превозот на ученици што го плаќа општината е, како што рече, двојно поскап од тој во Битола.

Од партијата сметаат дека СЈО не смеело да го истражува транспортот на ученици во општина Струмица, затоа што таму градоначалник бил Зоран Заев.

Според Костовски, сите досегашни постапки на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие, како што рече, се алатка за една употреба на СДСМ, со цел оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ