ВМРО-ДПМНЕ: Сите значајни позиции од кои зависи функционирањето на ЈСП вклучително и генералниот директор се пополнети од луѓе на Ковачевски

Од:

Пред да излезе СДС и Ковачевски на прес конференција еве да проследат кој раководи со ЈСП: Генерален директор Александар Стојковски (сликан во СДС штаб на трибина). Ова е истиот директорот кој го потпишува договорот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, без вклучен рабат, како што до сега било пракса, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љубица Јанчева.

„Оперативен директор Роберт Василковски – претходно директор на СДС во Биро за метрологија.

Човек кој по хиерархија надоле ги спроведува сите насоки на генералниот директор. И двајцата до сега кадри на СДС.

Финансов Данчо Воденичарски СДС од кабинетот на Чушков.

Воденичарски практично е унапреден, и како кадар на СДС од член на кабинетот на директорот, сега е финансов директор на ЈСП.

Портпарол Деспина Трајковска од кабинет на Чушков, сега одговорна за ПР.

Раководител на сектор за општи и правни работи- Сања Гелевска Трајчевски- жена на еден од директорите на ГТЦ од СДС.

Со ЈСП управува СДС. Сите значајни позиции од кои зависи функционирањето на СДС се водени од кадри на Ковачевски.

И договорот за набавка на нафта од 27 милиони евра е во целост изработен од кадрите на СДС во ЈСП, а потпишан од директорот на ЈСП кадар исто така на СДС“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љубица Јанчева.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ