ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратеници од сите партии треба да ја почитуваат пораката од граѓаните

Од:

Политиките на Заев и владата паднаа. Македонија вчера, соопшти, дека договорот не поминува, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, по референдумот.

„Неуспехот на овој референдум е директна вина на Зоран Заев и владата и никој друг. Склучи штетен договор, ја лажеше меѓународната заедница дека договорот поминува, се обиде да ги прикрие сите криминални афери и преку брутална манипулација и кршење на законите и Уставот проба овој договор да помине кај граѓаните. И покрај сите закани, уцени, малтретирање на граѓаните и направените списоци договорот со Грција не доби зелено светло.  Граѓаните, оние кои гласаа против договорот, и оние кои апстинираа испратија силна порака дека во Македонија живеат Македонци со македонски идентитет со свој јазик и дека никој нема право тоа да го менува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тие велат дека народот, граѓаните Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и останатите покажале мудрост и не дозволиле да бидат заведени.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш е и ќе биде на страната на народот. Македонија вчера не гласаше само против договорот со Грција. Вчера се гласаше против криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, немањето на проекти во здравството, во образованието. Македонија гласаше против бизнисите на Вице на Анѓушев, и за сите неостварените ветувања. Исто така се гласаше и против криминалците кои ги пуштија на слобода токму пред референдумот. ЕУ и НАТО се стратешки приоритети за ВМРО-ДПМНЕ, но волјата на народот мора да се почитува. Манипулациите на власта и злоупотребите на референдумското прашање ги искривија вистинските вредности околу членството во овие две огранизации“, додаваат од партијата.

Според нив, народот испратил порака и таа треба да се почитува од премиерот, Владата, Собранието, сите партии и од сите пратеници, без разлика на која политичка партија припаѓаат.

„Луѓето кои денес не излегоа и кои гласаа против си ја сакаат Македонија, и сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО но се против договорот што го склучија Заев и Ципрас. Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот. Политиката на владата и Зоран Заев доживеа дебакл“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ