ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки на мафијашката власт се дебакл- скоро 20 пати помалку вратени пари со Викенд на ДДВ и 800 починати од корона

Од:

„Мерките и политиките на мафијата на власт доживуваат дебакл. Последен во низата промашени мерки е и мерката Викенд без ДДВ кој е целосно промашување. Наместо најавуваниот поврат на ДДВ од 17 милиони евра ќе се реализира само 1 милион евра. Тоа покажува дека мерката не беше доволно добро обмислена и избрзана, но истовремено покажува дека народот нема доволно пари поради драстичниот пад на стандардот.

Впрочем Македонија со оваа мафија на власт тоне од ден во ден. Поради промашените политики Македонија имаше рекорден пад на економијата во вториот квартал од 12,7%, бројот на невработени се зголеми за над 40 илјади нови лица, а долгот за само три месеци се зголеми за една милијарда евра“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Неуспех до неуспех. Уште полоша е состојбата и на здравствен план во поглед на справувањето на државата со пандемијата. Македонија е црна точка, рекордер по смртност од корона вирусот. Секој ден бројките на заразени расте и веќе е очигледно дека е излезена од контрола. Процентот на заразени од тестирани во континуитет веќе извесен период е двоцифрен и вкупниот број на заразени достигна 21.193 лица и за жал 800 починати.

Мафијата на власт на чело со Заев покажа колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, но истовремено организирана и агилна кога се работи за криминал, корупција и лично богатење“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски