ВМРО-ДПМНЕ: Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски

Од:

„Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне. Сфаќаме дека за кариеристот Никола Димитров менувањето од министерската позиција е негов најнесреќен ден и затоа барем кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на “злобната” Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. Наместо Европа на Македонија, СДСМ Заев и Димитров ја однесоа државата во ќор сокак во однос на европските интеграции“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Никола Димитров.

„Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството.

Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета.

И сосема на крај, не е интерес на странците, туку пред се интерес на македонските граѓани тој и оваа власт никогаш повеќе да има одговорности во оваа држава“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ