ВМРО-ДПМНЕ: Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, институциите молчат и се прават ненадлежни

Од:

Скандалот со полагањето на правосудниот испит од срана на синот на Талат Џафери покажува дека институциите не реагираат соодветно за очигледна неправилност која излегла на виделина. ДКСК се прави ненадлежна, молчат од министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители, молчи Талат Џафери, молчи владата велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели. Токму тоа се случило со Барлет Џафери, синот на Талат од Форино, кој полагал правосуден испит пред да го заврши мастер студирањето, односно пред да стекне законско право за тоа. Да биде срамот поголем откако се откри овој скандал надлежните се оградуваат и ја префрлаат одговорноста на друг. Де ја нема документацијата, де не се надлежни, де застарено е, де ова де она. А синот на Џафери веќе е пред завршување на Академијата за судии и обвинители. Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат овој случај. Дали постои политички притисок ова да се забошоти? Дали постоел политички притисок со кршење на закон да се полага правосуден испит? Ова мора да се испита и да се санкционира секој оној кој ги прекршил законите. Ниту било каков автократ од Форино, ниту било каков коалициски владин интерес не смее да застане на патот на правадта.НБОва е многу сериозна работа. Зарем со кршење на норми може да се стане човек од правосудството? Ова е апсурдот на оваа власт. Полна им е устата со правна држава, а всушност молчат и одобруваат кршење на законот се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски