ВМРО-ДПМНЕ: Штом Бугарија прогласува успех, а нашата власт молчи, тоа значи дека се отвора врата за негацијата на македонскиот идентитет

Од:

„Власта на СДСМ и ДУИ го става македонскиот народ во подредена положба и со тоа директно задира во идентитетските прашања, македонскиот јазик и историја. Со прифаќањето од страна на историската комисија во нашите учебници да бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност, се отвора врата за негаторските позиции кон засебноста на македонскиот идентитет да влезат директно во образовниот процес“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова само покажува дека со оваа власт поразите се секојдневие. Тоа што бугарската страна прогласува успех, а нашата власт молчи доволно говори какви решенија се подготвуваат во целосно нетранспарентниот процес.

Повторно предупредуваме дека ниту граѓаните, ниту пратениците не се ни приближно целосно информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех. Тајните договори само отвораат сомнежи дека зад затворени врати се договора нова распродажба, не само на Цар Самоил, туку и на целокупната историја, јазик и идентитет“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус