ВМРО-ДПМНЕ: Што треба да се случи друго за Спасовски да си поднесе оставка

Од:

„Оливер Спасовски веднаш да си поднесе оставка од позицијата министер за внатрешни работи бидејќи повеќе од месец дена не може да открие кој стои зад лажните дојави во средните и основни училишта. Состојбата со безбедноста на граѓаните е донесена под знак прашалник, криминалот царува низ државата, а Спасовски наместо да реагира, дополнително ги штити криминалците и соработува со нив“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски подели над 200 македонски пасоши на белосветски мафијаши и нарко босови, има нерасчистени убиства низ улиците, вооружени лица упаѓаат во полициски станици, тепачки на секој чекор, скандали и неоткриени лажни бомби во училиштата најдобро го отсликуваат катастрофалното управување на Спасовски со МВР.

Спасовски целосно потфрли со безбедносните служби. Македонија стана држава во која убиствата, заканите, тепачките и инцидентите се секојдневие.

Дополнително, дека Спасовски ги штити криминалци говори и медиумските натписи кои објавуваат дека вооружени лица блиски до власта упаѓаат во полициска станица во Арачиново и им се закануваат на службени лица со убиства, само поради тоа што професионално си ја извршуваат службената должност и задача.

Само во Македонија се случува криминалци со оружје да влегуваат во полициски станици и да бркаат полицајци, наместо да е обратно.

И закажаниот протест пред полициската станица Кочани поради суспензија на четворица полицајци кои професионално ја извршувале својата должност е доволен доказ дека со државата управуваат криминалци а Спасовски ништо не презема.

Спасовски веднаш да си поднесе оставка бидејќи веќе нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да го раководи со МВР.

Одговорноста на Спасовски е директно кај него, бидејќи тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот, а граѓаните се чувствуваат несигурни.

Што уште треба да се случи за Спасовски конечно да си поднесе оставка?

Состојбата е сериозна, промените се повеќе од потребни“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела