ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со лагите за Јанкулоска ја дефокусира јавноста

Од:

Петре Шилегов и Роберт Поповски, очигледно добиле тешка задача, а тоа е да смислат начин како да ја дефокусираат јавноста од прашањата поврзани со јавните набавки во Струмица, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес – конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Немајќи што да одговорат и како да објаснат дека скоро цела фамилија на Зоран Заев добивала тендери во Општина Струмица тие очигледно се трудат со измислици и лаги за министерката Гордана Јанкулоска да ја натераат македонската јавност да го заборави скандалот на кланот Заеви. Тврдењата на Петре Шилегов се лажни, што и неколку пати беше потврдено и докажано со неколку цврсти докази и документи и со информации од надлежните институции, стои во реакцијата.

Од ВМРО – ДПМНЕ во реакцијата посочуваат дека Шилегов своите лаги, како што стои, ќе мора да ги правда на суд.

– Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ јасно потенцира дека документите и доказите изнесени од министерката Јанкулоска се сигурен доказ дека Шилегов лаже, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски