ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов призна дека проектот за субвенционирање велосипеди е проект на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ и Петре Шилегов признаа дека проектот за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди е проект на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните видоа дека 5 месеци откако Шилегов го управува градот Скопје, нема нови проекти и инвестиции. Власта невешто ги копира и проектите на ВМРО-ДПМНЕ и ги претставува како свои.

СДСМ и Петре Шилегов ги намалија субвенциите за велосипедите и од 4.000 денари за велосипед колку што изнесуваше сумата од минатата година за оваа година се предвидени 3.000 денари за велосипед.

Ова е проект на ВМРО-ДПМНЕ и советниците кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го подржаа ова решение зошто интересот на граѓаните е пред се.

Сакаме уште еднаш да потсетиме дека беа направени две велосипедски патеки едната од Гази Баба до Сити мол, другата од Аеродром до Ѓорче Петров, како и ролерско велосипедска патека од двете страни на кејот на реката Вардар од страна на минатиот градоначалник Коце Трајановски како дел од проектот Скопје велоград.

Оваа власт е неспособна за решавање на проблемите на граѓаните.

Оваа власт е пример за неработа“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал