ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов остави долг на градот од 160 милиони евра и мост во Аеродром со стотина нерешени имотно правни односи

Од:

„Шилегов остави долг на градот од 160 милиони евра и мост во Аеродром со стотина нерешени имотно правни односи. 160 милиони евра долг се кон веќе склучени договори по јавни набавки, договори во тек на склучување и заеми кои Шилегов ги земал“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Расипникот Шилегов аматерски и непрофесионално се однесувал со се. Дури и проектот за мостот во Аеродром со кој се фали е не испланиран.

Мост АСНОМ од Аеродром кон Гази Баба, од 100тина има само 18 решени предмети за исплата на земјиште. 12 предмети се уште во постапка без согласност за цена, 25 предмети во подготовка, 11 предмети со повеќегодишни имотно правни спорови меѓу сопствениците, 44 имоти имаат постапки со барања за приватизација,16 имоти имаат утврдено корисничко право.

Сите овие постапки ќе траат со години, а средствата на скопјани наместо да се наменат за конкретни проекти во инфраструктура, водовод, канализација, заштита на животна средина треба да бидат заробени затоа што Шилегов и СДСМ почнувале проекти без било каков конкретен план знаејќи дека не може да се реализира уште 10 години.

На Скопје му требаат реални проекти и многу работи, нешто што со Шилегов го немаше“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му