ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов нема понудено ништо освен стопирање на проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДСМ да престане со конфузните реакции и соопштенија и да се зафатат со исполнувањата што им ветија на граѓаните. Досегашните политики на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ако се воопшто и некакви политики се покажаа како погубни за граѓаните на Скопје.

Градската администрација предводена од Петре Шилегов ниту е одговорна, ниту е услужна најмалку работи во интерес на граѓаните и на градот. Освен што се занимава со стопирање на речиси сите проекти кои се започнати во време на ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи и изградба на улици, булевари, паркови, водовод и канализација речиси ништо друго нема понудено Петре Шилегов. Затоа граѓаните не можат да видат ниту еден започнат проект а нема ниту најава во брзо време да се почне било што.

СДСМ и Петре Шилегов наместо да се занимаваат со шизофрени обвинувања да дадат одговори на прашањата кои ги мачат граѓаните на град Скопје.

• Зошто Скопје останува најзагадениот град во Светот.
• Зошто наместо пари за нови клупи, рекреативни содржини, поважно за градоначалникот е мерење и спроведување на рејтинг анализи од речиси еден милион денари. Дали овие анализи ќе ги прави компанија блиска до СДСМ?
• До каде е изградбата на Универзалната сала?
• До каде е проектот овошје за секое дете во училиштата?
• Зошто нема ниту еден проект за решавање на сообраќајниот хаос во градот Скопје?
• Предвидува дислоцирање на Галиите, зафат во износ од 5 милиони евра, пари што наместо за рушење треба да се насочат за изградба на училишта, улици, паркови.
• До каде е гасификацијата на Скопје?
• Зошто главна цел е како да се вдомат партиските кадри? За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет.
• Колку месечно пари се одлеваат за оваа намена?

Со вакви политики Петре Шилегов е најнеспособниот и најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје. Ако во првите 100 дена вака се однесува најнеспособниот градоначалник тогаш граѓаните на Скопје гласале за лаги и манипулации, а разочарувањето од ден на ден е се поголемо“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да ја прими пораката на Собрание и да поднесе оставка

Горан Наумовски