ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани

Од:

„Шилегов вети и не реализира почист воздух и повеќе зеленило, но затоа плаќа дупло поскапо за набавки на ствари и услуги со градски пари. Шилегов вети дека ќе се справи со загадувањето, а еве 4 години нема направено еден проект и нема преземено една мерка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов распиша оглас за субвенционирање на купување на инвертер клими на домаќинствата кои ќе се префрлат од греење со тврди горива, но субвенциите наместо кај граѓаните кои треба да заменат печка за инвертер отидоа кај граѓани од строгиот центар на градот, затоа што субвенциите се даваа по партиски клуч.

Наместо повеќе зеленило, сега имаме помалку зеленило, видовме по примерот со дрвјата на улицата „Орце Николов“ дека Шилегов само чека прилики за да го масакрира зеленилото.

Со Шилегов немаше ниту почист воздух. Спас за скопјани од нечист воздух изминативе две години беа само пандемијата и ограниченото движење, но овој проблем на голема врата ќе се врати, зошто ништо не е преземено.

Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани.

СДСМ не нуди ништо ново. СДСМ ги нуди истите стари и истрошени кадри.

Време е Шилегов и неодговорните политичари да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ