ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов исплаќа милионски суми на наместени тендери

Од:

„Профитер“ е скандал кој што води до тоа дека за финансиска корист, тендери се добиваат во полна проценета цена, без намалување, без конкуренција, без економско негативно наддавање, тендери добиени на левел со нереална проценета вредност од Град Скопје рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Аферата „Профитер“ ќе покаже огромна веројатност за местење на тендери, бидејќи е невозможно да нема заинтересирани фирми за толку економски големи тендери. Невозможно е да нема економско наддавање, лицитација за земање на работата. И трето, невозможно е да бидат постигани суми кои што се идентични на оние проценетите, бидејќи примери кои што ќе ги изложиме докажуваат дека при силна конкуренција, проценетата вредност на тендерот, на договорот може да падне дури и десет пати! Така се се сведува на едно – Шилегов исплаќа милионски суми од Скопје на наместени тендери“ – рече Стоилковски.

Тој тврди дека некој „дебело профитирал од тендерите за изведување на градежни работи за Град Скопје“.

„Во 2018-тата година, за тендер „изградба, одржување и реконструкција на вело патека“ со проценета вредност од Град Скопје на цели 27 милиони 800 илјади, се пријавиле 11 учесници – градежни фирми. При тој тендер во 2018 – та година дури 42 пати е намалувана цената преку електронско наддавање – и тоа довело овој тендер да биде платен 1,5 милиони. Значи од 27,8 милиони проценета вредност, да биде потпишан договор по електронското надавање нели онаа форма на слободна економија, на само 1,5 милиони. И така се работи во слободна економија, така се работи во демократија – 11 конкуренти, се борат за работа, 42 пати е намалувана цената“ – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Стоилковски скандалот „Профитер“ ќе покаже јасни индиции за местени тендери заради што штета трпел буџетот, државата, граѓаните, а некој дебело профитирал и како што рече можеби ќе ја даде најјасната слика како градоначалник на Скопје со административна плата зголемува луксуз и свој имот за речиси половина милион евра.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања