ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ го оставија ЈП Паркови и зеленило во долгови, со ваква состојба нема доволно пари ниту за плати

Од:

„Шилегов и СДСМ го оставија ЈП Паркови и зеленило во долгови, со ваква состојба нема доволно пари ниту за плати. По промената на директорот на Шилегов во ЈП Паркови и зеленило е затекната состојба на сметка од 13.530.519 денари, и доспеани обврски од 35.650.252 денари. Со ова претпријатието е над 20 милиони во минус“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Вака затекнатата состојба со немање на големи побарувања за наплата на ЈП Паркови и зеленило се доведува во прашање неговото нормално работење и навремена исплата на плати.

Состојбата во ЈП Паркови и зеленило е одржувана вештачки. Иста таква состојба е затекната и во другите јавни претпријатија. Шилегов и СДСМ оставиле пустош зад себе и празни сметки, со многу долгови“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му